Секој збор – алтан: За пет минути „работа“ лапнала хонорар од 14 милиони долари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната холивудска актерка Џулија Робертс заработила неверојатни 14 милиони долари за нејзиното 5-минутно појавување во филмот „Денот на вљубените“ во 2010 година.

Робертс заедно со Бредли Купер се појави во една од најнезаборавните сцени во модерната историја на романтичните комедии, а за својата улога заработила фасцинантни 2,8 милиони долари по минута поминати на екранот или 12 илјади долари од изговорен збор.

Познатата актерка за улогата на капетанот Кејт Хејзелтајн однапред добила 3 ​​милиони долари, а останатите 11 ги заработила затоа што потпишала договор со студиото „New Line Cinema“ што и овозможило да добие три отсто од вкупната заработка на филмот.