Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе е официјален податок и факт дека Кристиано Роналдо својата професионална фудбалска кариера како играч ја продолжува во Саудиска Арабија со најскапиот договор во историјата на професионалниот фудбал.
Веројатно пред мундијалот никој не би поверувал дека Роналдо ќе заврши на Блискиот Исток, и кога веќе се знаеше дека приказната со Манчестер Јунајтед е дефинитивно завршена. Веројатно сите негови обожаватели веруваа дека сепак ќе остане во Европа, или евентуално ќе оди во Америка.
А посветените корисници на социјалните мрежи се потсетија на едно негово потсмевање пред 7 години, кога Чави заигра во Катар.
Во интервју, Роналдо беше прашан што мисли за ставот на Чави дека Меси е подобар од него и тој треба да ја добие „Златната топка“ таа година, а тој само одговори:
„Чави никогаш не ја освоил Златната топка и не ме интересира неговото мислење. Тој отиде во Катар затоа што никому не му треба“.
Throwback to Ronaldo joking about Xavi playing in Qatar. Life comes at you fast 😂 pic.twitter.com/YfsudBXvbs
— 𝑭𝑨𝑫𝑰 ⚡️🇲🇦 (@FCBFadi10) December 30, 2022
Кристиано, друже, испаѓа дека кармата, сепак, е брза и слепа кучка.