Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во велешкото село Бузалково полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и специјалната антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода М.А.(30) од Бузалково.
Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеци од казната, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата на доиздржување на казната.