Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стотици жители на областа Чумбивилкас лоцирана во Перу се собраа на католички Божиќ за да учествуваат во традиционалните тепачки. Целта на овие масовни тепачки е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината.
Стотици жители на овој округ во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во овој свој обичај. Борбите имаат за цел „да ги решат” семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. „Борците” традиционално се мажи, но годиниве сѐ повеќе учествуваат и жени.
Традицијата е наречена Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи – „удирање”.
Тепачката вклучува само клоци и тупаници и завршува ако борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос”, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно.
Борбите традиционално се проследени јадење, пиење и поворка.
Овогодишниот настан имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. На крајот, со изедначување на резултатот, тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.