Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шахистката Сара Кадем од Иран, на Светското првенство во брз шах што се одржува во казахстанскиот град Алмати настапи без хиџаб, пренесоа ирански медиуми.
Новинските куќи „Хабарварзеши“ и „Етемад“ пишуваат дека Кадем настапила на Светското првенство на ФИДЕ во брз и блиц шах во Алмати без хиџаб – шамија, која е задолжителна според строгиот кодекс на облекување на Иран. Фотографиите што ги објавија двете вести ја покажуваат без марама за време на турнирот.
Кадем е уште еден ирански спортист кој настапува на натпревари без хиџаб од почетокот на антивладините протести. Сара Кадем (25), чие полно име е Сарасадат Кадемалшарие е рангирана на 804 место на светската ранг листа на Меѓународната шаховска федерација.
Во Иран од средината на септември се одржуваа демонстрации против раководството на земјата, кога 22-годишната иранска Курдка, Махса Амини, почина во притвор откако беше приведена поради „несоодветна облека“.
Во октомври иранската алпинистка, Елназ Рекаби, се натпреваруваше во Јужна Кореја без марама, а подоцна изјави дека тоа го направила ненамерно. Во ноември, иранска натпреварувачка во стрелаштво изјави рече дека не забележала оти ѝ паднал хиџабот на церемонијата на доделување награди во Техеран, откако се појави видео на кое се гледа како ја фрла шамијата во знак на поддршка на демонстрантите.
Фудбалерите на Иран одбија да ја пеат националната химна пред натпреварот против Англија на Светското првенство во Катар, но ја отпеаа пред натпреварите од втората и третата група.
Во коментарите објавени од државните медиуми во ноември заменик-министерката за спорт на Иран, Мерјам Каземипур, рече дека некои ирански спортисти дејствувале против исламските норми и потоа се извиниле за нивните постапки.
Се проценува дека повеќе од 300 луѓе ги загубиле животите во Иран во протестите што избувнаа на 16 септември по смртта на 22-годишната Амини.