Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со 172 погодоци во 64 натпревари, Светското првенство кое се одржа во Катар беше најефикасно во историјата, а со нешто повеќе од 3,4 милиони гледачи на стадионите беше третиот најгледан турнир од 1930 година.
Катар за потребите на ова првенство инвестираше вкупно 220 милијарди долари, од кои 6,5 милијарди се потрошени на стадионската инфраструктура.
Светското првенство се играше на 8 стадиони, но дури седум ќе бидат користени во други цели откако ќе заврши Азискиот фудбалски куп што ќе се игра следната сезона.
На најголемиот стадион „Лусаил Ајконик“, на којшто се играше финалето меѓу Аргентина и Франција, ќе му биде намален капацитетот и ќе биде преуреден во станбено-деловен комплекс во кој ќе има и болница, училиште, трговски центар.