Висеше на 71 метар над земјата за да ги пречека Меси и компанија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинската фудбалска репрезентација во неделата по третпат стана светски шампион откако во финалето ја победија Франција по подоброто изведување пеналчи.

Со трофејот Меси ја комплетираше својата колекција и сега има освоено сè што може да се освои во фудбалот.

Милиони Аргентици се радуваа на освоената титула, а во изминатата ноќ фудбалерите беа дочекани во Буенос Аирес.

Во пречекот на фудбалерите внимание привлече еден навивач кој висеше на обелискот изграден во 1936 година висок 71.5 метри.