Простачките потези на Мартинез – светски голман и светски сељак, „две во едно“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во една пригода аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез открил дека и негвата сопруга му се чудела на неговиот различен дома и на терен велејќи му: „Добро како е можно да бидеш една личност дома а друга на терен“.

Емилијано Мартинез бранеше феноменално на финалниот дуел со Франција, ама и фрли дамка на прекрасната вечер на Аргентина која еуфорично ја славеше третата светска титула, прва после цели 36 години.

Иако во многу наврати бранеше одлично, неговите одбрани одат во втор план поради простачкиот однос.

Прво за време на пеналите, го испровоцира младиот Французин Тчуамени откако му ја фрли топката далеку на страна (видео тука).

Откако на свечената церемонија му ја доделија наградата за најдобар голман на Светското првенство 2022, гестикулираше непристојно.

Мартинез и по средбата со Холандија во 1/4 финале кога Аргентина победи на пенали, тотално идиотски му се пушти и вербално го навредуваше холандскиот селектор Луј Ван Гал (71) кој може да му биде татко.

После свеченото доделување на пехарот и другите награди, во соблекувалната голманот на Арсенал додека правеле вовче, рекол: „Минута молк за….. Мбапе“.

Во моментите кога стана светски шампион, се качи на врвот на светот, прва работа која што ја направи Мартинез е да се посрамоти себеси, соиграчите, репрезентацијата во неколку секунди.