Владата ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат – за в.д. директор е поставен Горан Трајковски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владата ја разрешила Анета Симеска Димоска, досегашната директорка на Државниот пазарен инспекторат и на нејзино место за вршител на должност го назначила Горан Трајковски.

За новиот директор од Владата велат дека е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата доаѓа „од менаџерска позиција во приватниот сектор, каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија“.