Во Катар и без влезници пуштаат на натпреварите од Светското првенство – само да се полнат стадионите (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сведоци сме дека на почетокот од Светското првенство стадионот во Катар беа половично исполнети, но подоцна како што одминуваше Мундијалот беше забележително дека има повеќе публика.

Ситуацијата можеби ја објаснува видеото кое го објави „Ла Медија Инглеза“. Тие направија прилог на кој може да се види дека како навивачите се пуштаат на трибините без да имаат влезница.

Станува збор за Светско првенство, па така ФИФА и Катар не сакаат стадионите да зјаат полу-празни.