Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во студијата на многу телевизиски канали периодов има многу стручни аналитичари и поранешни фудбалери, тренери, судии. Секој дава по некоја мисла за Светското во Катар кое за сега поминува идеално.
Така Џон Тери, легендарниот капитен на англиската фудбалска репрезентација и Челси кој освои еден куп трофеикако гостин-аналитичар во студиото на реномираниот beIN Sports, меѓу другото раскажа и една лукава анегдота за Жозе Мурињо кој му беше како татко во Челси.
„Жозе отсекогаш сакаше само да победува. Не е важно како. Правеше сè за да победи. Еднаш му текнало за едно фудбалско правило кое може да го искористи за да задржува време. Замислете.
Ни вика, ако водиме 1:0 и кон нашиот шеснаесетник има центаршут, централниот стоперски пар нека тргне заедно на топка а после заедно во исто време нека падне на тревникот.
Кога на терен лежат двајца играчи, не мора да го напуштат теренот за надвор да им се укаже помош.
И така последните 10-15 минути од мечот, Жозе не вика мене и Кејхил и ни го кажува тоа правило. Ние никогаш не сме слушнале за тоа!
И ете ти центаршут, топката во шеснаесетник, ние тргнуваме и Гери паѓа струполен. Јас си викам: „Поарно и јас да паднам“. Ни доаѓа судијата и гласно бара да го напуштиме теренот. Јас му одговарам: „Не. Според правилата не мораме да излеземе од терен. Прашај го помошникот.
Мурињо беше врв за овие работи“, се сеќава Тери на Португалецот.
Во правилникот стои буквално ваква точка:
„На повредениот играч не му се пружа медицинска помош на терен. Има еден исклучок: ако двајца играчи од спротивни екипи или од иста екипа се судриле, треба да им се укаже помош“