Го направил купче луксузниот Ферари со 300 км/час и останал жив


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Надреална сообраќајна несреќа се случила на делницата А9 меѓу германските градови Минхен и Нирнберг кога возачот на хибридното Ferrari SF90 Stradale, вредно најмалку 500.000 евра, при престигнување изгубил контрола над автомобилот и удрил во заштитната ограда.

Причините зошто тоа се случило се уште не се утврдени, но било утврдено дека сопственикот на скапото Ферари излетал со брзина од дури 300 km/h, на дел од патот без ограничување на брзината.

Оваа несреќа е неверојатна бидејќи откако удрил во заштитната ограда, автомобилот застанал по неколку стотини метри, а возачот излегол од целосно згмечениот автомобил без најмала повреда, пренесува порталот Розенхајм24.

Германскиот автопат е предизвик за возачите на брзи автомобили бидејќи има делови без ограничување на брзината, но ако предизвикате сообраќајна несреќа, мора да докажете дека несреќата не е предизвикана поради голема брзина.

– Мора да бидете искрени, кога станува збор за брзини од речиси 300 км/ч, како кај овој учесник во сообраќајот, на дел од патот кој често се користи, со три сообраќајни ленти, треба да се запрашате дали тој е сепак одговорен – изјави сообраќаен полицаец за магазинот „Фокус“ ​​и додаде дека во овој случај возачот и другите учесници во сообраќајот имале голема среќа бидејќи никој не е повреден.