Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, како што информираат од УХМР, ќе биде значително облачно со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.