Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Надлежните служби на МВР соопштија дека е приведено момче од 18 години кое го украло возилото за итна помош од кругот на болницата во Кочани.
Како што информираше МКД.мк, кражбата ја забележал вработен во болницата вчера по полноќ, по што полицијата започнала потрага. Во текот на вчерашниот ден возилото било пронајдено оставено на една улица во градот, а според трагите од гумите можело да се заклучи дека момчето возело по улиците и во спротивен правец и веројатно брзо, зашто имало траги од нагло кочење. И тоа не било негова прва кражба на возило.
На момчето ова не му била прва кражба на возило.
„По преземени мерки и активности вчера во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.
Возилото било пронајдено во 8.30 часот на улицата.’Кирил и Методиј” во Кочани и ѝ било вратено на Итната медицинска помош.
Исто така, по преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела ‘тешка кражба’ на компјутер и ‘одземање моторно возило’ ‘опел корса’, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал дела, а одземените компјутер и возилото ‘опел корса’ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави”, информира МВР.