Home Спорт ТЈ: Од втора лига до херој на Германија, Костарика и сама не знае како дојде до оваа ситуација!

ТЈ: Од втора лига до херој на Германија, Костарика и сама не знае како дојде до оваа ситуација!

Денес ќе продолжи разврската на Светското првенство во третото коло, а пред нас се нови четири дуели.

Во групата Ф не чека интересен ден, три репрезентации се борат за следната фаза. Хрватска, Мароко и Белгија. Хрватите се лидери на табелата со четири бода колку што има и Мароко, Белгија има бод помалку.

Мароко се очекува да ја оправда фаворитската улога против „отпишаната“ Канада и така да си го обезбеди пласманот во осминафиналето. Хрватска и Белгија ќе решаваат меѓу себе со тоа што на Хрватите им е доволен и бод. Овие натпревари се играат во терминот од 16:00 часот.

Во вечерниот термин следуваат натпреварите од Групата Е. Таму Шпаниај од лидерската позиција ја пречекува Јапанија, додека во вториот дуел се среќаваат Костарика и Германија. Сите четири репрезентации имаа шанса за следна фаза. Шпанија има четири бода, Јапонија и Костарика по три, а Германија еден.

Пред овие натпревари слушнете од „ТЈ“ за германскиот херој од минатиот натпревар во дербито со Шпанија, но тука се и неговите очекувања за денешните дуели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…