Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на денешното продолжение на седницата за избор на членови на управниот одбор и комисии во Академијата за судии и јавни обвинители влезе и без никаква претходна најава само изјави пред присутните: „Сакам да ве известам дека си поднесувам оставка на функцијата претседател”.
Таа отанува член на Судскиот совет.
Претседателскиот мандат и завршува за 4 месеци.
Црвенковска не кажа зошто ја поднесува оставката и си излезе од салата. Рече дека за причините, јавноста ќе биде известена со соопштение. На излегување, прогласи пауза, пренесува СакамДаКажам.
Минатата недела седуммина членови на Судскиот совет избрани на непосредни избори од колегите судии, се побунија откако Црвенковска дошла со список од 15 судии, кандидати за клучни места во Академијата за судии, кои ќе решаваат за судбината на студентите кои се пријавуваат таму.
Потоа, како што потврди Коалицијата „Сите за правично судење”, таа откако ги прочитала кандидатите од списокот, не дала право и останатите членови на Советот да предложат судии за местата во Академијата.
Надвикана и надгласана потоа таа попуштила, а седумтемина предложиле и изгласале и нивни кандидати, со образложение дека повеќето од нејзините не ги исполнуваат условите, поради судир на интереси.
Сепак, двајца од кандидатите што таа ги предложила, Александар Чичаковски и Елизабета Васкова, Судскиот совет ги прифатил за местата во Академијата за кои ги предложила Црвенковска.