Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо постигна гол во натпреварот против Гана и така уште еднаш испиша историја.
Роналдо постигна гол од пенал во 65. минута од пенал и стана единствениот играч кој постигнал гол на пет Мундијали во низа. Неверојатната низа Роналдо ја започна во 2006 година со голот на Светското првенство во Германија.
На тој Мундијал во Германија Роналдо постигна гол против Иран, во 2010 година стрелаше против Северна Кореја, во 2014 како и денес ја затресе мрежата на Гана, додека во Русија во 2018 против Шпанија постигна хет-трик.
Сè што беше интересно на натпреварот Португалија-Гана се случуваше во второто полувреме. Во првиот дел видовме по некоја шанса на двете страни, но мрежите мируваа. Кристиано Роналдо изнуди пенал и истиот го реализираше во 65. минута. Гана преку Андре Ајев изедначи во 73. минута.
Возбудувањата не застанаа тука, напротив само што започнаа. Жоао Феликс пет минути подоцна го врати водството на Португалците, а на 10 минути до крајот Леао зголеми на 3:1. Не се откажа Гана и покрај двата гола негатива, Букари во 89 минута стрела за 3:2. Сепак, за повеќе немаа сили, па Португалија стартуваше со победа.
Репрезентацијата на Србија забележа пораз во првиот натпревар на Мундијалот, Бразил славеше победа со 2:0.
Започна Пикси претпазливо, Србите беа ориентирани на одбрана и стартуваа со само еден напаѓач. Бразил доминираше од почетокот на натпреварот, во текот на 90 минути Србите не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Алисон.
Во првото полувреме не видовме голови. Вториот дел продолжи со иста слика, Бразил констатно беше на противничката половина, а Србија ретко излегуваше од својата половина.
Победата за Бразил ја обезбеди Ричарлисон со два гола во 62. и 72. минута. Вториот гол беше вистинска мајсторија и сигурно најубавиот гол досега на Мундијалот.
NOW THAT IS ABSOLUTELY EXCEPTIONAL FROM RICHARLISON…pic.twitter.com/YmsRhqoEJs
— 𝗧𝗲𝗻 𝗛𝗮𝗴’𝘀 𝗥𝗲𝗱𝘀 ✍🏼🇳🇱 (@TenHagBalI) November 24, 2022