Секогаш со стил: Јапонците „растурија“ на терен против Германија – ама ги оставија стакло чисти трибините и соблекувалните


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Овие сцени со педантериите на Јапонците на фудбалските терени и трибините веќе станаа очекувани и нормални. А сепак, тоа што го прават Јапонците одново и одново на секој турнир е стварно чудо кое ја импресионира цела планета.

После историски, најголем триумф против една Германија на Светско првенство, во нивната соблекувална како во аптека. И на трибини исто. Победа е победа, прослава е прослава, ама на крај до последен пикавец собран.