Дали Бекам ќе стане нов сопственик на Манчестер Јунајтед?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Семејството Глејзерс и официјално објави дека Манчестер Јунајтед е ставен на продажба, па веќе се споменуваат можните нови сопственци, а еден од нив е Дејвид Бекам.

Медиумите пренесуваат дека Бекам е расположен да го преземе англискиот гигант и веќе им се доверил на своите пријатели. Бекам како ултракомерцијален лик би требало да ги привлече заинтересираните да инвестираат на „Олд Трафорд“. Почетната цена за преземање на Манчестер Јунајтед е пет милијарди фунти.

До овој момент не е познато кој моќен конзорциум ќе го предводи Бекам. Претходно се пишуваше дека за Јунајтед се интересира саудискиот ПИФ. Саудијците нудеа и шест милијарди фунти, меѓутоа тогаш Глејзери не беа расположени за продажба.

Сега со Бекам нема да биде изненадување ако се појават инвеститори од САД каде што живее англиската фудбалска легенда.