Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брачен пар од струмичкото село Мокриево почина на лице место во сообраќајна несреќа во која со патничко возило попладнево излетале од патот во Колешино и заврши во околниот канал.
Несреќата се случи на излезот од селото, најверојатно заради неприлагодена брзина, а во извлекување на телата мораше да интервенира и екипа на струмичката противпожарна единица, пренесува СДК.мк.
Трагичниот настан го потврдија од струмичката полиција од каде што соопштија дека станува збор за маж и жена на возраст од 70 и 69 години од Мокриево, кое што за неполни 24 часа ја бележи и третата жртва во сообраќајки.
Синоќа, почина 38-годишен жител од ова место, а други две се тешко повредени откако излетале од локалниот патен правец Мокриево-Ново Село.