Мизерија од деца: Безобразни ученици малтретираат професорка на час – им следуваат казни за инцидентот (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Техничкото училиште во Трстеник се случил инцидент во кој учествувале тројца ученици и еден наставник. На социјалните мрежи е објавено видео од непримерниот настан, а многумина го осудуваат однесувањето на учениците, јавуваат српските медиуми.

Тие ја снимиле професорката додека ја малтретирале. На видеото може да се види дека ученикот се расправа со наставничката додека друг 1 приоѓа одзади и ѝ го трга столчето на кое седи.

Професорката паѓа на подот, а учениците се смеат.

Сето тоа го снимиле и потоа го објавиле на интернет со очигледна цел да ја исмеваат наставничката, но наместо пофалби од врсниците, добиле осуда, а училиштето покренало дисциплинска постапка против нив.

„Тоа се случи на час, каде што немаме безбедносни камери. Ги презедовме сите законски мерки. Писмено ги известивме родителите и сите засегнати институции, управата на училиштето и поведов воспитно-дисциплинска постапка. Кога ќе се утврдат сите факти, учениците ќе бидат казнети со одредена дисциплинска мерка“, изјави Милан Глиџиќ, директор на Техничкото училиште.

Двајца ученици кои учествувале во инцидентот се малолетни, додека еден е полнолетен.

„Имавме разговори со родителите, им беа испратени писмени покани. Родителите на двајца ученици одбиле, а очигледно едниот не ја добил поканата“, изјави Глиџиќ.

Тој вели и дека истата вечер околу 23 часот ја видел снимката од детското насилство врз наставничката и дека „во најмала рака бил шокиран“.

Учениците кои учествувале во инцидентот не биле познати по големи прекршоци во училиштето. Се случувало, вели директорот, да бегаат од час пред писмена задача или испрашување, поради што добиваат неоправдани изостаноци.

„Ова е првпат вакво нешто да се случи, јас сум во ова училиште 30 години“, вели директорот.