На репрезентативен тренинг речиси никој не разговара со Роналдо, во Јунајтед го исфрлија од интерната WhatsApp група на клубот 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се чини дека интервјуто на Кристиано Роналдо кое го даде пред два дена, а во кое упати отворени критики до Манчестер Јунајтед, раководството и стручниот штаб, ќе има големо влијание врз понатамошниот тек од неговата кариера.

Откако вчера утрото се појави видео од соблекувалната на португалската репрезентација каде Бруно Фернандеш „ладно“ се поздравува со Роналдо, сега се појави уште едно видео, каде се гледа дека Кристиано е игнориран од сите соиграчи.

На видеото се гледа дека никој не разговара со Роналдо, а Кансело луто одбива да се поздави со него.

Очигледо дека Роналдо е непосакуван во соблекувалната, а дали тоа ќе се одрази на теренот останува да видиме.

Роналдо бил исфрлен и од „WhatsApp“ групата на Манчестер Јунајтед. Ова е уште една непријатност која ја доживеа Португалецот после контроверзното интервју.

Во неговото скандалозно интервју со Пирс Морган, Роналдо отворено го критикуваше раководството, менаџерот Тен Хаг, па дури и сопствениците на Манчестер Јунајтед.

Очигледно дека тоа во клубот нема да му го простат, а најновата вест е дека Португалецот е исфрлен од WhatsApp групата, каде администратори се Хари Мегваер и Скот Мектоминај.

Ова е уште една потврда дека деновите на Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“ се изброени.