Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го посети новоослободениот град Херсон само неколку дена по повлекувањето на руските трупи од градот во јужна Украина по неколкумесечна окупација, изјави сведок на Ројтерс.
„Одиме напред“, им рече тој на војниците. „Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја.“
Тој им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за поддршката во војната против Русија. На мрежите се појави и видео на кое се гледа официјалното подигање на украинското знаме.
Official raising of Ukrainian flag in de-occupied Kherson during @ZelenskyyUa‘s visit to the city. pic.twitter.com/iQqeu0xPXj
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 14, 2022
Да потсетиме дека украинските вооружени сили во петокот стигнаа до центарот на градот Херсон, откако руската армија објави дека се повлекла од стратешки важниот град на југот. Член на регионалниот совет на Херсон за британски „Ројтерс“ изјавил дека речиси целиот град е под контрола на украинските вооружени сили.