Експлозија во центарот на Истанбул – најмалку 6 загинат и 53 повредени лица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку шест лица загинаа, а 53 се повредени во експлозијата во центарот на Турција, соопштија турските власти, пренесува „Би-би-си“.

Експлозијата се случи околу 16:20 часот по локално време на прометната шопинг улица „Истиклал“ кај плоштадот Таксим.

Засега не е јасно која е причината за експлозијата, а во првичната изјава претседателот Реџеп Таип Ердоган порача дека сторителите ќе бидат казнети.

Центарот на Истанбул во моментов „врие“ од полиција, а надлетуваат и хеликоптери. На местото на настанот има и голем број на амбулантни возила со кои повредените се транспортираат во болница.

„Видов три или четири лица на земја. Луѓето трчаа во паника. Имаше чад. Бучавата беше толку силна речиси и заглушувачка“, раскажува очевидецот Џемал Денизчи за агенцијата „Франс прес“.

Ова не е првпат познатата шопинг улица да биде мета на напад. Претходно во 2016 таа беше цел на бомбаш самоубиец.