Home Актуелно Рускиот амбасадор во САД: Странски платеници и криминалци во Украина ловат Руси како на сафари

Рускиот амбасадор во САД: Странски платеници и криминалци во Украина ловат Руси како на сафари

Рускиот абасадор во Соединетите Американски Држави, Анатолиј Антонов, за рускиот весник „Известија“ изјави дека во борбата против руските сили од почетокот на војната се приклучиле странски криминалци и платеници, пишува „Њуз вик“.

“Никој на Запад не го крие тоа. На украинска територија се собраа огромен број платеници и криминалци од различни видови. Изгледа како да се на сафари и ловат Руси”, изјави рускиот амбасадор Антонов.

Рускиот весник објави дека Антонов исто така изјавил дека Западот ја користи Украина како инструмент за борба против Русија и дека постои желба Русија да стане третокласна земја или да се подели на десетина помали држави.

News Week контактирал со Украинската меѓународна легија за територијална одбрана за коментар. Легијата е основана во февруари, а Киев објави дека околу 20.000 странски борци изразиле интерес да се приклучат. Сепак, не е јасно колку Американци има меѓу тие борци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…