Британски фотограф и колекционер ѝ подари на Франција досега невидени фотографии од Хитлер во Париз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британски колекционер ѝ подари на француската Националната библиотека фотографии од посетата на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер на Париз по германската инвазија на Франција во 1940 година, од кои некои претходно не биле објавени, соопшти француската библиотека.

„82-годишниот колекционер Чарлс Чедвик Хили, фотограф и издавач, подарил 20 фотографии.

„Тоа се фотографии кои ги направил Хајнрих Хофман, Хитлеровиот официјален фотограф од 1924 година. Фотографиите се од 23 јуни 1940 година кога Хитлер бил во Париз“, наведе француската културна установа.

Националната библиотека додаде дека фотографиите се од непроценлива историска вредност, а „сведочат за улогата на Хофман како фотограф и издавач во градењето на имиџот на Хитлер како легенда“.

Хитлер рано наутро на 23 јуни 1940 година го посетил Париз. Слетал на воениот аеродром Бурже кај Париз и потоа го посетил главниот град на Франција, кој тогаш бил напуштен. Истото утро се вратил во Германија, а Франција повеќе не ја посетил.