Еден загинат и пет повредени лица во тешка сообраќајка на патот Кичево – Охрид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Едно лице загина, а пет се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патниот правец Охрид – Кичево, пренесува Телма повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според првичните информации, во несреќата учествувале патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П. (22) од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р. (39) од Охрид.

На лице место починал Р.А., а повредени се пет лица кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ и во охридската Општа болница.