Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот индиски лекари останале запрепастени откако извадиле осум ембриони од девојче старо само 21 ден, што е најголем број досега пронајден кај новороденче.
Како што објави Њујорк пост, извонредниот феномен се случил на 10 октомври откако во приватна болница во областа Рамгар во државата Џарканд се родило бебе со ненормално отечен стомак.
На почетокот, родителите на девојчето биле загрижени дека израстокот всушност може да биде тумор, а првичната дијагноза се чинело дека е точна, дури и поткрепена со томографија. Меѓутоа, откако девојчето било префрлено во Детската болница и истражувачкиот центар Рани, тим предводен од д-р Мохамед Имран открил дека тоа не е вистина, туку нешто побизарно.
Имено, се покажало дека новороденото девојче има феномен познат како фетус во фетус, а тоа е облик на малформација слична на онаа на споени близнаци. Тоа се случува само еднаш на околу 500.000 родени бебиња, а се случува на самиот почеток на бременоста кога јајце клетката од одредена причина не успева целосно да се подели на два дела, од кои би се развиле две идентични близнаци.
Во случај на фетус во фетус, доминантниот фетус расте додека другите живеат во него. Оние кои се заробени можат да живеат и да растат во стомакот со години како паразити, додека не станат толку големи што не почнат да му штетат на својот домаќин. Тоа се случило со ова мало девојче.
Но, нејзиниот случај е особено уникатен затоа што таа носела рекордни осум неразвиени фетуси во абдоминалната празнина, за што лекарите тврдат дека е најголемиот број на ембриони забележани досега. Откако девојчето го држеле 21 ден под опсервација, лекарите успеале да ги извадат сите ембриони, а девојчето добро закрепнува по операцијата.