Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кремљ соопшти дека американските меѓуизбори нема да ги подобрат лошите односи меѓу Москва и Вашингтон. Притоа, тој ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во американските избори, пренесоа руските државни медиуми.
„Овие избори се важни, но не треба да се преувеличува нивната краткорочна и долгорочна важност за нашите односи“, ја пренесе РИА изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.
„Овие избори не можат да променат ништо важно. Односите се и ќе останат лоши“, додаде тој.
Песков рече дека Москва е толку навикната да слуша дека се меша Русија во американските избори што не обрнува внимание на новите обвинувања.
Портпаролот на Кремљ, исто така, им рече на новинарите дека е премногу рано да се зборува за дијалог со САД за продолжување на Договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ.