Не бе, Абази ич не е близок со овие од ДУИ (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новиот шеф на Јавното обвинителство кое се занимава со организиран кримина и корупција, Ислам Абази, јавно пред новинарите изјави дека немал лични контакти ниту со лидерот на ДУИ Али Ахмети, ниту со друг функционер од ДУИ. Но, фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи веднаш по оваа негова изјава велат нешто друго – сосема спротивно.


Со Фихри Ахмети, братот на Али Ахмети

Во јавноста протекоа фотографии на кои може да се види новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, во друштво со членови на политичката партија ДУИ, со што падна во вода неговата изјава дека не го познава лидерот Али Ахмети и членовите на оваа партија.

Со Невзат Бејта, бивш пратеник и градоначалник од редовите на ДУИ


Со Дилавер Бектеши, обвинител од Кичево и истакнат член на ДУИ