Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според проценките на Обединетите нации, светов на 15-ти ноември оваа година ќе ја надмине бројката од 8 милијарди жители, а Индија следната година ќе ја престигне Кина како најнаселена нација на светот.
Во извештајот објавен по повод светскиот ден на населението, светската популација би можела да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, во 2050-та на 9,7 милијарди, а врвот да го достигне во 2080-та година со 10,4 милијарди луѓе.
Извештајот покажува дека на тоа ниво се предвидува да остане до 2100-та година, а дека повеќе од половина од проектираното зголемување на населението во наредните декаци ќе биде концентрирано во само осум земји: Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.