Крај на романсата помеѓу Џони Деп и адвокатката Џоел Рич


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски актер Џони Деп наводно раскинал со Џоел Рич, адвокатката која го застапувала во Британија во судскиот процес за клевета против Сан, пишува Дејли Меил.

Извор близок до парот изјавил дека односот меѓу актерот и адвокатката бил заладен. Исто така, Џоел била сама на венчавката на член на семејството на Ибица минатата недела.

„Не зборуваме за нормална двојка. Тоа не е голема, стабилна врска. Мислам дека никогаш не била. Не знам дали во овој момент се заедно на некој начин. Тоа не е сериозна романтична врска на две лица кои немаат никој друг“, тврди изворот за медиумите. „Покрај тоа, тоа е Џони Деп. Класичните врски не се за него“, додаде тој.

Изворот додава дека Деп „не сака ништо сериозно бидејќи зад себе има трауматичен период поради битката низ која мина на суд со поранешната сопруга Амбер Херд“. За тоа време, пишуваат британските медиуми, Џоел продолжува со плановите да се разведе од сопругот Џонатан.

Инаку, не е познато кога започнала врската меѓу Деп и Рич. Наводно, во раните фази на нивната романса, тие дискретно се среќавале во хотели, а таа пристигнала во Вирџинија за да го поддржи за време на судскиот процес против Амбер Херд, иако тогаш немала професионална обврска за тоа.

Да потсетиме дека Деп претходно беше поврзуван со друга адвокатка, Камил Васкез, која брзо ги демантираше гласините.

„Тоа е сексистичко. Жално е и разочарувачки, но не можам да кажам дека сум толку изненадена“, рекла таа тогаш.

Иако обожавателите навиваа Деп и Камил да станат пар, адвокатката веќе некое време е во среќна врска со британски претприемач кој се занимава со продажба на недвижен имот.