Пробаа на еден ден да пијат колку што пиел Черчил секој ден – еве што им се случи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Овој концепт на целодневно пиење виски сомелиерот Рекс Вилијамс и подкаст домаќинот Ендрју Хитон го пробаа на еден ден, а Винстон Черчил го „фурал“ секој ден, дел ден.

ПОЈАДОК

Една доза од црвениот Џони Вокер, колку да ја облагороди чашата кисела вода, да ве отвори. Може и уште еднаш, зашто по две нозе имаме. Пред ручек, Черчил пиел само меѓу 30 и 90 мл алкохол додека по пижами ги обавувал утринските задачи.

Оваа навика веројатно ја создал уште како млад војник, кога бил пратен во денешен Пакистан, каде скочот не само што го подобрувал вкусот на локалната вода за пиење, туку и „штом еднаш човек ќе пробал од таа мешавина, нејзината одвратност создавала некаква чудна неодоливост“.

По утрото поминато во пијуцкање, Хитон известува дека се чувствува „заиграно и расположено, но дека сè уште не е страшно“.

РУЧЕК

Време за сериозна количина шампањ.

Черчиловата омилена марка била Пол Роџер, иако немал ништо ни против Гислер, Моет или Помери, купени од луксузниот дуќан на „Радолф Пејн и синовите“ кои биле горди што се „добавувачи за Нејзиното Величество кралицата Викторија и Покојниот крал Вилијам Четврти“.

Според кажувањата на неговата пријателка Одет Пол-Роџер, Черчил уживал во шампањот од сребрена чаша, како „вистински едвардијански господин“.

Вилијамс и Хитон рокаат од високи чаши за шампањ, грицкаат одмрзнати рибешки прсти. Оттука па натаму, мамурлукот им е скоро па загарантиран.

Ручекот се завршува со коњак, чисто да се потсмири желудникот и да се влезе во процес на варење на храната.

Едноставен каков што го дал Господ („Лесно се задоволувам со најдоброто“) Черчил би инсистирал на пијачка од куќата Хајн.

ПОПЛАДНЕВНА ДРЕМКА

Се чини дека за Черчил ова бил клучот на успешното справување со алкохолот. Често си дозволувал „да убие око“ и до 90 минути.

Од своја страна, Хитон проценува дека е спремен да „глуми трезен на состанок“.

ЧАЈАНКА

Чајанка е само поради времето. Инаку, никако чај.

Само постојан дотур на тенко виски со кисела вода, идеално за ублажување на стресот што некои работи мора да се довршат.

ВЕЧЕРА

Уште шампањ. Уште коњак.

„Сега би требало да сме на врв на нашата луцидност“ му вели замелушениот Хитон на својот сопатник кој подригнува, а подоцна признава дека следното утро се турил од повраќање.

извор: ОффНет