Бензема ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во 2022 година 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како и што се очекуваше, Карим Бензема е добитник на „Златната топка“ за најдобар фудбалер за 2022 година, која ја доделува „Франс Фудбал“.

На гала церемонија во Париз неговиот поранешен тренер Зинедин Зидан му ја додели наградата на Карим Бензема.

Голгетерот на Реал Мадрид имаше сезона од соништата и беше најзаслужен за освојување на Лигата на шампиони со „кралевите“.

На второто место во изборот заврши Садио Мане, Кевин де Брујн на третото место, додека Левандовски заврши како четвртопласиран според бројот на гласови.