Официјален Пекинг апелираше до кинеските државјани кои се во Украина да ја напуштат земјата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика кинеските државјани кои се наоѓаат во Украина да ја напуштат земјата, објави весникот „Глобал тајмс“.

Според весникот, кинеското Министерство за надворешни работи и амбасадата на земјата во саботата ги повикале кинеските граѓани во Украина „да ги зајакнат безбедносните мерки на претпазливост и да се евакуираат“, пренесе ТАСС.

Во соопштението објавено во саботата, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека со оглед на тешката безбедносна ситуација во Украина, ги повикува кинеските државјани што сè уште се во земјата да ги зајакнат безбедносните мерки на претпазливост и да се евакуираат од земјата.

Весникот наведува и дека „амбасадата ќе помогне во организирањето на евакуацијата на луѓето што имаат потреба од помош“.