Салах го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на Лигата на шампионите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ливерпул вчера одигра одличен натпревар и на гости кај Ренџерс славеше со 1:7. Три гола за „црвените“ постигна Мохамед Салах кој се запиша во историјата како стрелец на најбрзиот хет-трик во историјата.

Салах во игра влезе во 68. минута и првиот гол го постигна во 76. минута, вториот во 80. и третиот една минута подоцна. Така за комплетирањето на хет-трикот му беа потребни шест минути и 12 секунди.

Рекордот претходно држеше Бафетимби Гомис кој постигна три гола против Динамо Загреб во 2011 година за осум минути.