Во Охрид оштетена таблата со името од бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Таблата на која беше испишано името на бугарскиот цар Борис Трети, под чие име пред пет дена беше отворен културен клуб во Охрид, била оштетена. Оваа информација ја потврди портпаролот на СВР, Охрид Стефан Димовски, кој кажа оти оштетувањето на таблата над објектот било пријавено денеска.

Околу 12:45 часот денеска е добиено известување за оштетен дел од таблата со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот“, потврдил Димовски за порталот 360 Степени.