Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот технолошки гигант Мета, компанија во чија сопственост се најпопуларните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, е ставена на руската листа на „екстремистички” организации, пренесе режимската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на денешната објава на руската државна финансиска агенција Росфинмониторинг.
На почетокот на оваа година Русија ги забрани Фејсбук и Инстаграм. Тоа беше првата примена на неодамна усвоениот руски закон за „екстремизам“ на странска технолошка компанија. Пред рускиот напад на Украина на таа листа се наоѓаа групи како Талибанците и Исламската држава.
Руските државни обвинители денеска изјавија дека Мета „намерно дозволила говор на омраза против Русите, што создаде алтернативна реалност во која се потиснува секоја проруска позиција и се охрабрува омраза“.
Во јуни, судот во Москва ја отфрли жалбата на Мета против пресудата со која компанијата беше прогласена за виновна за „екстремистичка активност“ во Русија. Тогаш адвокатот на Мета пред судот изјави дека Мета не е екстремистичка организација и дека се противи на ширењето омраза кон Русите.