Овој е највисоко лоцираниот банкомат на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Каракорам, планински венец во Азија, се протега во границите на Пакистан, Кина и Индија.

Тој е еден од највисоките планински масиви во светот, а најпознат врв е К2 (8611 m), вториот највисок врв во светот.

Но, она што е уште поинтересно, ако се упатите кон највисокиот асфалтиран граничен премин, преминот Хунџераб, помеѓу Пакистан и Кина, кој се наоѓа на 4693 метри, ќе го најдете и највисокиот банкомат на светот. Граничниот премин сместен во ветровита долина мештаните го опишуваат како место сместено меѓу небото и облаците, а има и банкомат кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Оние кои се возеле до банкоматот на граничниот премин велат дека возењето е многу драматично.

Фукционира на студ, сонце и ветер и може да направи се што прават другите банкомати.

Изграден е од Националната банка на Пакистан (НБП) во 2016 година и опслужува мал број жители и вработени на граничниот премин, како и авантуристи кои доаѓаат кај него за да се фотографираат.

Изградбата, подигнувањето, како и одржувањето на пакистанската „банкарска знаменитост“ не била мала работа.

Проектот траел околу четири месеци, а најблиската локација на банката НБП е оддалечена 87 километри.

Раководителот на таа експозитурата редовно патува напред-назад, соочувајќи се со екстремни временски услови, опасни планински премини и чести одрони за да го наполни уредот. Во просек, околу 4 до 5 крори рупии се повлекуваат во рок од 15 дена од овој банкомат.