Авион од „Тунис Ер“ поради пијан патник принудно слетал во Грција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Патнички авион на компанијата „Тунис ер“ принудно слетал во Грција бидејќи во него имало пијан патник кој правел проблеми и ја загрозувал безбедноста, соопшти полицијата.

Според информациите, авионот летал од Истанбул за Тунис, но поради проблеми со пијаниот патник, морал да слета кај нашиот сосед.

Грчките служби пренесоа дека патникот бил уапсен откако предизвикал неред во авионот и ја загрозил безбедноста на патниците.