Гола, ама не е гола (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната убавица и манекенка Бела Хадид дефинитивно остави најголем впечаток на модната недела во Париз.

Бела беше дел од еден од најспектакуларните модни настани во Париз прошетувајќи се на модната писта (с)облечена само во „испрскан“ фустан на своето голо тело за време на големото финале на модната ревија на „Коперни“.

Бела, која своевремено беше прогласена за најубавата жена на светот, на пистата излегла само во танга-гаќи и високи потпетици, со рацете покривајќи ги голите гради. На модната писта биле и тројца мажи кои со спреј исцртале фустан на нејзиното тело, а сите ги предводел д-р Манел Торес, генерален директор на „Фабрикан Лтд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

– Сакавме овој момент да му го посветиме на доктор Торес, бидејќи толку многу го почитуваме она што тој го прави. Чувствувавме дека е апсолутно неопходно тој да го води шоуто – за нас тоа го прави искуството уште помагично – истакна за „Вог“ ко-креативниот директор на брендот Арно Вајлан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)