Еве што прогнозира за Светското првенство во Катар брокерот кој ги погоди последните два светски шампиони во фудбал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Брокерот Јоаким Клемен стекна светска слава благодарение на својата математичка формула со која ги погоди последните два севетски фудбалски шампион, а сега ја даде и својата прогнозора за претстојниот Мундијал во Катар.

Клемен претходно прогонозираше дека Германија ќе биде шампион во 2014, а во 2018 година се обложи на Франција и во двете ситуации беше во право.

Сега сигурно дека тоа му дава самодоверба во прогнозата овој Мундијал. Неговата формула се темели на моменталната форма на тимовите, но и разновидните социо-еконокси варијабли кои и не се толку поврзани со спортот, меѓутоа влијаат на перформансите на тимовите.

Се вклучуваат формулата и популацијата на одделни земји, БДП како и уште многу фактори кои се внимателно анализирани и на крајот се додава факторот „шанса“. Неговата прогноза за Светското првенство е дека нов светски шампион ќе биде Аргентина со Лионел Меси.

Клемен очекува во финалето Аргентинците да ја победат Англија, додека во полуфиналето да бидат подобри од Шпанија. Засега неговата прогноза немаше грешка, ќе видиме како ќе биде сега.