Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски официјално стапи во брак со својата избраничка Маринела Серафимова. Свадбената веселба на која освен пријатели беа поканети и негови сопартијци се одржа во „Александар Палас“.
На свадбата на Бочварски беа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за труд Јованка Тренчевска, вицепремиерката Славица Грковска како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.
Бочварски на свадбата го поканил и својот српски колега Томислав Момировиќ.
„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благој Бочварски. На граница чекав подолго од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан, се пожали српскиот министер за градежништво Момировиќ на социјалните мрежи.
Krenuo sam u Skoplje, na venčanje kod mog prijatelja i kolege Blagoja Bočvarskog. Na granici sam čekao duže od sat vremena. To je neprihvatljivo, potreban nam je “Otvoreni Balkan”.
🇷🇸🇲🇰 pic.twitter.com/QoCeiwHotX— Tomislav Momirovic (@TomaMomirovic) September 24, 2022
Тој на свадбата на својот македонски колега стасал со задоцнување и објави фотографии од веселбата на Инстаграм.
Среќен брак им посака и министерот Љупчо Николовски со сопругата, кој исто така објави фотографија со брачната двојка.