Шакира за разделбата со Пике: „Понекогаш мислам дека тоа е само лош сон и дека ќе се разбудам“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната латино пејачка Шакира за прв пат проговори за раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике, со кој беше во врска 10 години и има две деца.

„Навистина е тешко да се зборува за ова, особено затоа што ова е прв пат јавно да зборувам за оваа ситуација“, започна таа во интервју за магазинот Elle.

„Бев тивка бидејќи се обидував да обработам сè. Да, тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа и затоа што сум јавна личност и нашата разделба не е како обична разделба. Тешко е , не само за мене туку и за моите деца. Неверојатно тешко“.

„Се обидов да ја сокријам ситуацијата од моите деца. Се обидувам да ги заштитам, тоа е мојата мисија број еден. Но, тие слушаат работи на училиште од своите пријатели или наидуваат на некоја непријатна вест на Интернет и тоа едноставно ги погодува”, кажа.

„Понекогаш се надевам дека сето ова е само лош сон и дека некогаш ќе се разбудам. Но не, тоа е реално. И сето тоа се случуваше токму во времето кога татко ми беше на интензивна нега, а јас се борев на различни фронтови. Ова е веројатно најмрачниот период од мојот живот“, заклучила таа.

Да потсетиме, во јуни беше објавена веста за раскинувањето на Пике и Шакира, кои заедно имаат два сина. Фудбалерот наводно ја изневерил пејачката со мистериозна русокоса, а таа не можела да го преболи.

По раскинувањето со Шакира, во јавноста протекоа информации за наводното неверство и измама на фудбалерот. Вниманието на медиумите се зголеми откако почнаа гласините за неговата врска со студентката за односи со јавноста Клара Чиа Марта само два месеци по раскинувањето со познатата пејачка.