Ваква ајкула немате видено (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Трапман Бермагуи од Сиднеј на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографија од мистериозна ајкула која била извлечена од океанските води.

Ајкулата има испакнати очи, зашилен нос и испакнати остри заби, па многумина почнале да погодуваат за какво суштество станува збор. Бермагуи тврди дека станува збор за ајкула со груба кожа позната и како centroscymnus owstoni.

„Овие ајкули се вообичаени на длабочини поголеми од 600 метри. Обично ги фаќаме во зима”, стои во објаснувањето

Дин Грабс, вонреден директор за истражување на Крајбрежната и поморска лабораторија на Државниот универзитет во Флорида, изјави за Newsweek дека многу од овие ајкули може да се најдат во Мексиканскиот Залив и Бахамите.

„Ги забележавме на длабочини помеѓу 740 и 1160 метри. Тие припаѓаат на семејството на ајкули спијачи или гренландски ајкули, но тие се многу помали“, додаде Грубс.