Кога играат Стеауа Букурешт и Динамо Букурешт секогаш е „фешта на најјако“ – дури и кога се во втора лига (снимки)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стеауа и Динамо, двата градски ривали од Букурешт, моментално се далеку од европскиот фудбалски крем и играат во втора романска лига.

Ситуацијата во која се најде некогашниот фудбалски гигант од Романија, Стеауа Букурешт, тешко некој може да ја разбере целосно. Пред неколку години клубот доживеа колапс па од целиот хаос и стечај настанаа два клуба со што околу клубот со традиција и успеси се направи ситуација која е многу тешка за разбирање. Генерално, најверните навивачки групи на старата и според нив, права Стеауа Букурешт која игра во втора лига, немаат ништо со прволигашката FCSB за која други сметаат дека е прав наследник на трофеите и славата.

Во саботата вечер во втората романска лига играа заспаните гиганти Динамо Букурешт и Стеауа Букурешт. Пред полни трибини и со жестока атмосфера, славеа гостите 1-2.

Ова дерби во 6. коло на романската втора лига остана во сенка на голем број инциденти пред и после мечот. Ривалитетот меѓу двата клуба е огромен а навивачите продолжуваат по свое без разлика што и Динамо Букурешт и Стеауа се далеку од елитен европски фудбал.