Путин испрати сочувство до кралот Чарлс Трети за смртта на кралицата Елизабета: Ненадоместлива загуба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, синоќа упати порака со сочувство до Велика Британија за смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96-годишна возраст, објавија руските новински агенции.

Во пораката до Чарлс Трети, новиот британски крал, Путин порачал дека кралицата со право ја ужива љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитетот на светската сцена, пренесе Ројтерс.

„Ви посакувам храброст и сила пред оваа тешка, ненадоместлива загуба. Може ли да ве замолам да им го пренесете моето искрено сочувство и поддршка на членовите на кралското семејство и на целиот народ на Велика Британија“, истакнал рускиот претседател.