Вадење заб пред продавница за три пива и шприцер – вака изгледа тоа (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На снимката која стана хит на социјалните мрежи се гледа како еден локалец некаде во Србија се обидува со клешти да му извади скршен заб на својот пријател додека тие пијат пиво пред продавница.

– Дозволи ми да го извадам – ​​му вика стоматологот- аматер со клешти на преплашениот жител, кој очигледно со денови има проблеми со расипан заб.

Еден од насобраните цело време му ја држи главата.

Мора да се признае дека мајсторот со клештата за секунда го извадил забот со еден искусен потег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Hronika Srbija (@srbijahronika)

На Пера му остана само да му пушти рака на својот спасител без да каже збор.

– За 350 динари! Три пива и шприцер – коментира еден од насобраните.