Американски инвеститори го купија Милан за 1,2 милијарди евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот и европски фудбалски гигант Mилан е продаден на американскиот инвеститор „РедБирд Капитал Партнерс“ за 1.2 милијарда евра, потврдија денеска од клубот.

Со оваа потврда завршен е процеост на промена на сопствениците кој сега веќе поранешниот сопственик „Елиот“ фондот сакаше да ја направи подолго време.

„Ред Бирд“ има удели во Бостон Ред Сокс, Ливерпул и Њујорк Сити, а меѓу инвеститорите е и Леброн Џејмс кој нема да има директна сопственост туку тоа ќе го направи преку вложување во фонд.

Оваа компанија е тешка 75 милијарди долари и ќе се обидат да го врат Милан во врвот на европскиот фудбал.

„Сакаме да го вратиме Милан каде што му е местото, а тоа е врвот на европскиот и светскиот фудбал. Имам големо искуство во оваа работа и убеден сум дека навивачите на Милан ќе ги направиме горди“, изјави основачот на „Ред Бирд“ Гери Кардинале.