Скопските улици под вода, Ист Гејт Мол евакуиран поради поплава од дождовите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешните обилни врнежи на дожд предизвикаа хаос во Скопје во попладневните часови.

Поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, многу искршени дрвја и билборди, но и заглавени луѓе во своите автомобили – ваква е сликата во главниот град по невремето кое беше проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер.

Четири автомобили од кои во еден се наоѓале и деца останале блокирани кај кружниот тек кај хотелот Континентал, a уште 15 лица биле заглавени во своите возила кај стоковната куќа Мост.

На двете локации биле испратени припадници на противпожарната бригада и брзата помош, но на патот едно од возилата на брзата помош заглавило во поплавениот коловоз на подвозникот на Стоковна куќа „Мост“, кој бил полн со вода.

Полициски службеници во координација со другите институции ги извлекуваат заглавените возила.

Интервенира и службата за итна медицинска помош, од каде велат имале пријави за повредени граѓани, но и оти станувало збор за полесни повреди.

Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар Ист Гејт Мол.

Во овие услови, менаџментот на трговскиот центар донесе одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените.

Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, трговскиот центар беше евакуиран за кратко време.

Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани, се до исцрпување на водата.

Техничките служби во трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!

Во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, трговскиот центар утре, во текот на раните утрински часови, ќе ја информира јавноста и закупците дали трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите.